По стартниот пораз на Олимписките игри во Токио од Шведска со 3:0, женската фудбалска селекција на САД, предводена од Македонецот Владко Андоновски славеа со убедливи 6:1 против Нов Зеланд.
Инаку, денес се одиграа шест натпревари од второто коло во женскиот фудбалски турнир на Олимписките игри во Токио.
Резултати ОИ Токио, фудбал/жени
Чиле – Канада 1:2
Кина – Замбија 4:4
Шведска – Австралија 4:2
Јапонија – Велика Британија 0:1
Холандија – Бразил 3:3
Нов Зеланд – САД 1:6