Американските безбедносните служби го идентификуваа бомбашот кој ја активираше експлозивната направа поставена во кампинг возило во центарот на Нешвил, Тенеси за време на божикните празници.
Се работи за 67- годишниот Ентони Варнер пензиониран компјутерски експерт. Засега не се познати причините зошто Варнер во раните утрински часови на денот на празнувањето на Божиќ ја активирал експлозивната направа поставена во неговото кампер возило и се разнесол.
Силната експлозија оштетила повеќе објект, а полесно повредени биле три лица случајни минувачи, како и тројца полицајци она што можеби е среќна околност е што експлозијата била активирана рано утрината кога немало речиси никаква фреквенција на минувачи. Се стравува дека доколку експлозијата била активирана само неколку часа подоцна, кога се одвива вообичаена гужва на голем број лица, бројот на жртвите би бил многу поголем.
Силната екплозија предизвикала и 4 часовен прекин на мобилната телефонија иинтрнет во Нешвил Истражителите ги споредија човечките останки најдени на местото на настанот со ДНК-то од Вернер, потврдувајќи ја верзијата дека тој се кренал во воздух со бомба поставена во своето кампинг комбе. Безбедносните органи сега го утврдуваат мотивот.
Истражители од Федералното биро за истраги (ФБИ) работеа на случајот и ги собираа расфрланите парчиња и останки на местото на настанот. ДНК-то од Вернер тие го добија од домот на осомничениот околу 16 километри југоисточно од местото на експлозијата, што бил лоциран после „стотици дојави“.
Соседите потврдиле дека пред неколку месеци виделе слично кампинг возило паркирано пред неговата куќа. Возилото што експлодираше во петокот било поставено покрај базна станица на мобилниот оператор „Еј-ти енд ти“, со што интернет и мобилните врски во центар на Нешвил се уште се прекинати или ослабени.
Градот е потресен од овој терористички чин. Американските весници пренесуваат изјави од соседи и роднини кои го опишуваат Вернер како повлечен и осамен човек кој претходно работел како компјутерски специјалист. ФБИ ја означи експлозијата како теорористички напад и најави детална истрага.
Изминатите години беа регистрирани неколку напади и обиди за теростички заплашувања пред се во Европа за време на божикните празници, пред се во Германија и Франција каде имаше жртви и повредени.
Токму оваа негативна традиција која се случува изминатите години за време на празнувањето на Божик ги алармираше американските безедносни служби да истражат кој бил мотивот на Варнер.