Еден американски уметник решил да ја направи куќата од неговите соништа. Пред неколку години тој направил куќа од огледала на швајцарските Алпи. Но иако многумина со воодушевување ја поздравија неговата идеја, има и такви кои не престануваат со своите критики, а еве зошто…

Американскиот уметник Даг Eјткен си направил куќа од огледала на швајцарските Алпи во градот Гштад, која стана вистинска атракција за туристите ширум светот.

Станува збор за куќа со модерен дизајн која целосно го рефлектира околниот пејзаж, а понекогаш е толку претопена со околината што е скоро невидлива. 

И додека многумина се воодушевени од овој необичен дизајн, љубителите на птици го напаѓаат сопственикот затоа што се загрижени дека куќата е опасност за птиците – тие нема да ја видат и големи се шансите да удрат во огледалата, што може да има страшни последици.

Почитуван архитект, дизајнер и сопственик, ако сакате куќата да се претопи со околината, направете ја од камења и со покрив од трева. Нешто такво би било многу поубаво за жалните птици, ова е стапица за сè што лета во близина. Да бев богат би ја купил оваа куќа само за да ја срушам“, е еден од коментарите за оваа куќа.

Сопственикот на куќата, во една прилика рече дека се преземени сите мерки куќата да биде видлива за птиците, посочувајќи дека нема потреба луѓето да се грижат.

Додека се правеше куќата соработувавме со Швајцарското друштво за заштита на птиците, па додадовме хоризонтални линии на огледалата во интервал од три сантиметри, за птиците да ги гледаат и да не се удираат во неа“, рече Даг.

youtube
Принтскрин / Youtube

Но, веќе знаете како оди со луѓето кои знаат сè – откако е направена куќата, коментарите едноставно не стивнуваат и луѓето се убедени дека оваа куќа ја загрозува безбедноста на птиците.

Тешко ми е да поверувам дека ова е доволно птиците да не удираат во куќата. Тие е удираат во моите прозорци, кои не се толку рефлектирачки, а имаат рамки што ги делат прозорците“, беше еден од коментарите.