Здружението на лекари на американската држава Калифорнија најавиле истрага против пластичниот хирург д-р Скот Грин затоа што учествувал во судски процес за време на операција преку видео врска.

На почетокот на судскиот процес за сообраќаен прекршок, д-р Скот Грин учествувал преку видео врска директно од операционата сала, во заштитна хируршка опрема, стоејќи покрај пациент кој паралелно бил опериран, иако надвор од видното поле, сепак во позадината се слушале звуците на медицинските апарати и инструменти.

На прашањето на судскиот службеник кој го видел тоа, дали може да учествува во судењето, д-р Грин одговорил потврдно, дека и покрај тоа што е во операционата сала може да учествува во судењето.

„Само почнете“, кажува тој со наведната глава додека продолжил да оперира.

Кога го тоа видел, судијата, кој подоцна се придружил, се двоумел да го продолжи судењето плашејќи се за пациентот.

Грин одговорил дека нема проблем затоа што има друг хирург во салата „така што додека тој оперира, јас можам да стојам тука“ – пред камерата.

Судијата, сепак, заклучил дека не е соодветно да се спроведе судење во тие околности и одлучил да постави нов датум на сослушување, а хирургот се извинил со објаснување дека „понекогаш операциите не одат според планираното“.