Во специјално интервју за БТВ бугарскиот амбасадор во РС Македонија, Желјазко Радуков, изјави дека Бугарија била првата земја која била подготвена да прифати настрадани лица во трагичниот инцидент во Кочани. Тој додаде дека добил уверувања од македонските власти дека корупциските модели што беа посочени како основна причина за пожарот во дискотеката ,,Пулс” ќе бидат разбиени, пренесува Трибуна.
,,Раната е огромна, срцепарателна е болката на роднините, на блиските, на цело едно општество. Таа болка е и наша. Во моментите на самотија и нивните солзи се наши солзи. Остава впечаток дека луѓето овде не си го поставуваат прашањето зошто. Како тие многу добро да знаат зошто се случи таа трагедија. Нивниот гнев и нивните прашања се насочени кон тоа како да излеземе од ужасот и како тој никогаш повеќе да не се повтори”, изјави амбасадорот Радуков.
Според неговите зборови, Бугарија веднаш била подготвена да помогне , независно со што.
,,Бугарија беше меѓу првите , бидејќи не поставуваше непотребни прашања. Во моментот во кој што го информиравме нашето државно раководство , првите зборови на министерот Георгиев беа како да помогнеме и побара од мене да ја соберам сета информација од која можеме да бидеме од корист. Први нашиот претседател , премиер и министрите за здравство, внатрешни и надворешни работи , стапија во контакт со своите колеги и го поставија истото прашање. Додека чекавме одговор бугарските институции не го губеа своето време и кога го добивме барањето за помош, ние веќе бевме подготвени. Не е случајно тоа што додека многу држави прашуваа како да помогнат , Бугарија веќе имаше пациенти од РСМ во своите болници. Работата продолжи и потоа , бидејќи грижата не е само за пациентите , туку и за нивните блиски. Кога разговаравме со семејствата на настраданите позади себе ги имавме насоките на Премиерот Росен Желјазков кој распореди да се обезбеди транспорт и сместување за сите погодени за сметка на Бугарија. Многу полесно да им кажеш на едни луѓе кои се наоѓаат во хаос и ужас ,,не де вознемирувајте има кој да ве пречека и каде да се сместите”. Има со што да се гордееме како Бугари во однос на функционирањето на нашата држава и институции во овој период”, истакна амбасадорот Радуков.
Помошта што ја дадовме и благодарноста на Македонците е доволен доказ за односот меѓу народите, забележа Радуков.
,,Ние не го направивме сето тоа по потрага по политички ПР, туку бидејќи треба и бидејќи се блиски соседи, роднини , христијани, балканци. Таа бескорисност се гледа и разбира од општеството во РСМ. Луѓето ги запираат моите службеници на улица и им искажуваат благодарност со солзи во очите. Во медиумите слушаме јавни изјави со пофалби за Бугарија од луѓе од кои пред тоа не би ни очекувал “, додава амбасадорот Радуков.
,Во моментот единственото нешто што е важно според амбасадорот е да се молиме за оздравувањето на настраданите.
,,Да се молиме за пациентите кои во моментот се по целиот свет. Најтешките случаи се кај нас и во Грција. Имам апсолутна доверба во нашите лекари , но една молитва никогаш не е вишок”, повика Радуков.