Новата амбасадорка на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, предизвика доста внимание со својот моден избор на вечерата за Денот на благодарноста што се одржа во Атина во вторникот.

Поранешната водителка на „Фокс њуз“ и поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот се појави во тесен, речиси проѕирен црн фустан од чипка, што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Гилфојл (56) едвај се движеше во тесниот фустан, па дури и ѝ требаше помош за да се качи на сцената за да им се обрати на гостите. Нејзината облека многумина ја споредија со стилот на сестрите Кардашијан, сметајќи ја за несоодветна за дипломат.

„Ова е дипломатска грешка, таа ја претставува својата земја, а не своето тело“, „Ова ми е убаво“, „Потребен ѝ е стилист“, „Изгледа како изгубена сестра Кардашијан“, се само дел од коментарите на социјалната мрежа X.

фото/принтскрин

Текстот (Видео) Амбасадорката на САД во Грција се појави во проѕирен фустан, наиде на осуда е превземен од МАКФАКС.