Уште една одлична партија на Лидс, но и нашиот репрезентативец Џани Алиоски. Славеа на гостувањето кај Барнли со убедливи 4:0, а нашиот Алиоски го одигра целиот меч. Тој беше асистент при постигнувањето на вториот гол на Лидс за 2:0. Имено, во 60-тата минута Алиоски шутираше силно ниско по земја, а Харисон со пета, со финта, го смени движењето на топката која заврши во мрежата на Барнли.

Со оваа победа Лидс собра 53 бодови, три помалку од седмопласираниот Тотенхем, позиција која носи во Лига Европа. До крајот на сезонаа има уште две кола, но веројатно шансите на Лидс за седмо место се само теоретски.