Актерката Александра Брекенриџ проговори за своето породилно искуство. Таа е мајка на тригодишната ќеркичка, девојчето Били и четиригодишното момче Џек, а гостувајќи во емисијата на Кели Кларксон, таа откри зошто по првото породување во вода таа никогаш не би го повторила тоа искуство.
„Мојот син беше огромен. Се чувствувам измамено откако ги погледнав сите оние документарни филмови за тие породувања во вода и си помислив дека тоа е прелесно и дека и јас тоа го сакам и можам“, се присети таа.
Токму затоа таа избрала болница во која е дозволено породување во вода. Воденикот и пукнал околу пет часот наутро, а многу брзо започнале и интензивните болки.
Таа два часа ги поминала во базенот за раѓање, но имала чувство дека детето е заглавено.
„Чекав да дојде некој и да ми каже дека ќе мораат да изведат итен царски рез, но никој не се појави. Детето не се лизна едноставно во водата, како на сите изгледани реклами“, раскажа таа.
По сите изгледани породувања во вода, таа очекувала детето да излезе лесно и магично, а таа да ужива, но како што вели и таа самата, сето тоа е реклама и измама. За неа, како што вели, породувањето во вода не било ниту најмалку лесно. Кога го родила синот тој тежел нешто повеќе од 4 килограми, а породувањето не и останало во најубаво секавање.
„Кога ја раѓав ќерката добив епидурална анестезија и тоа беше прекрасно искуство, магично. Требаше да ги послушам своите две пријателки. Моите две најдобри пријателки веќе имаа деца и ми кажуваа да не бидам наивна и да изберам епидурална анестезија, но јас поверував во маркетинг триковите“, се потсети таа.
Кога ќе погледне наназад второто породување го памети како прекрасен момент, а нејзината новородена ќерка била среќно бебе, заклучи актерката.