Актерката Милена Радолувиќ (24) во Вишото обвинителство во Белград пет часа зборуваше за ужасната сексуална злоупотреба низ која поминала како жртва на Мирослав Мика Алексиќ, 69-годишниот сопственик на престижното актерско училиште во Белград.
Додека таа сведочела во судот низ солзи ги изнела најинтимните, најморничави и болни настани кои ги доживеала во прстижното училиште.
„Милена Радуловиќ зборуваше детално, јасно, конкретно и многу прецизно за болните спомени. Таа рече дека започнала во училиштето за глума, кое било познато, кога имала 11 години. Шест години подоцна, во октомври 2012 година, за прв пат, од човекот што им ги држел часовите, ги учел на однесување и бил авторитет, го доживеалс она што не можела ни да го замисли, да биде сексуално злоупотребена“, открива извор за српски „Курир“ кој присуствувал во судот.
Милена објаснила дека сите ученици на познатиот Мика Алексиќ на некој начин биле злоставувани, преку навреди, прекори, удари, а неколку завршиле и со секусално злоставување.
„Таа во најситни детали раскажа како Алексиќ ја бакнал за прв пат, во октомври 2012 година, додека била на групен час, без нејзина согласност. Била во шок, но не знаела како да реагира, бидејќи тој тоа го оправдал со својот педагошки став и фактот дека ја подготвувал за работата на актерка и за тоа што ја чека. Во следните неколку месеци, до мај 2012 година, под истиот изговор, тој и ги допирал гениталиите и ја силувал. Според сведочењето на девојката, во јуни 2013 година, од страв да не проговори, го напуштила училиштето“ изјави истиот извор.
Милена поради стравот и срамот кој го доживеала молчела до денес, а за ужасните настани не зборувала ниту со своите родители.
Нов извор за српски „Информер“ открива дека Милена всушност била малтретирана додека другите деца биле покрај нив.
„Мика Алексиќ манипулираше со мене, ми всади чувство на вина, се чувствував ужасно затоа што имаше толпа деца токму таму, во соседната соба, додека тој ме силуваше“, ја цитираше изворот на српски „Информер“.
Милена во судот се појави во придружба на адвокатите Денис Беќириќ и Југослав Тинтор.
По актерката Милена, следна ќе биде сослушана и втората пријавена девојка која тврди дека исто така била жртва на Алексиќ, а тоа е младата актерка Ива Илиниќ.
Ива Илиниќ со години имала проблем да сфати дека таа всушност е жртва на професорот и дека тоа не е начин на подготовка на еден студент.
„Кога се случи првпат си реков на себе: Мика ми е како татко, невозможно е да се случува ова и не се случува. А ако се случува, тогаш тој мене ме челичи и сака да ме подготви за суровиот свет на режисери, на продуценти. Го оправдував тоа, одбивав да прифатам и игнорирав. А потоа си признав на себе“, објасни таа за локалните медиуми.
По јавното признание на Милена Радуловиќ за злоупотребата на децата во училиштето на Мика Алексиќ секојдневно се пријавуваат се повеќе девојќи кои дури сега јавно признаваат дека биле негова жртва. Списокот е голем, а сослушувањата допрва следат.
Инаку, Алексиќ во понеделникот беше сослушан во обвинителството и тој тогаш ги негираше делата, велејќи дека не знае за што го обвинуваат наводните жртви. На Алексиќ му е одреден притвор, а засега се товари за осум силувања и за седум кривични дела на недозволени полови дејствија извршени во периодот од 2008 до 2020 година.