Наместо јагоди во рецептот можете да користите и јаболки и цимет…

Потребно ви е:

– 1 лиснато тесто
– 1/2 кг јагоди
– шеќер во прав за посипување
– малку шеќер

Подготовка:

Лиснатото тесто посипете го со шеќер, а по желба можете да го премачкате и со џем. Пресечете го тестото на лентички по должина, па долгите ленти на половина по ширина. Тенко сецканите јагоди редете ги на тестото и завиткајте во круг. Печете во калапи за мафини додека тестото да зарумени. Кога ќе бидат готови, посипете ги со шеќер во прав или изматете шлаг и украсете ги.

Уживајте во едноставниот десерт за кој веруваме дека од денес постојано ќе го подготвувате…