Во американската НЦАА лига од почетокот на сезоната Вашингтон стејт имаше осум победи во низа, но доцна синоќа дојде крај на таа успешна серија.
Во дербито на „Пацифик 12“ Аризона после две одиграни продолженија успеа да го совлада Вашингтон стејт со резултат 86:82.
Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски беше трет стрелец во поразот на неговата екипа со 15 поени, додаде осум скока и една асистенција.
Поефикасни од него беа Бонтон со 25 и Ноа Вилијамс со 15 поени, а на спротивната страна Матурин реализираше 24 поени.
На табелата во „Пацифик 12“ врвот го делат три екипи со учинок 8-1, Орегон, Аризона и Вашингтон стејт. Следниот меч Јакимовски и неговите соиграчи ќе го имаат за пет дена на гостувањето кај претпоследнопласираната Калифорнија (5-6).