ДУИ е се што не треба да биде една зелена партија ако се знае нивното негативно влијание врз животната средина како власт изминатите 18 години, вели Арианит Џафери граѓански активист од Тетово во интервју за порталот Zoom.mk во врска со неодашмнештото ребрендирањето на партијата.
„Не може во исто време да вршиш урбицид преку дибоградбите и бетонирање на секаква зелена површни и да се претставуваш како екологист“, тври Џафери.
Тој смета дека основаната причина за ребрендирање на ДУИ во зелена партија се милијардите долари од зелениот европски фонд, кои Европската унија планира да ги потроши до 2050 година.
„За земјите кандидати предвиден е Балкански зелен договор од 6.2 милиарди долари. Намирисале пари. Каде се парите таму е и ДУИ, барем досега говори искуството“, истакнува Џафери додавајќи дека позеленувањето е и стратегија за да се одбранат од критиките на локални избори поради уништување на животната средина.
Според него, рано е да се зборуба за исцрпување на етничката агедна затоа што има многу Албанци без државјанство, преку учебниците се шири говор на омраза, а најголем дел од странските инвестиции се канализираат во македонските средини, кои можат да бидат извор на етнички тензии.
„Така се пазари ДУИ, дајде ни премиер албанец за 100 дена, а парите можете да ги земете“, истакнува Џафери додавајќи дека животот на Албанците не се подобри затоа што Талат Џафери стана претседател на Собрание.
Тој смета дека граѓаните треба да бидат ненормални да веруваат на новите ветувања на ДУИ кога знаат дека од Липковско до Струшко сите општини имаат диви депонии, недостиг на зелени површни, немаат вода за пиење, јавната чистота е во катастрофална состојба, нема паркинг места за колите, а Тетово уште нема јавен превоз./Zoom.mk