Тие кои живеат со мачки знаат колку истите се опседнати со новогодишните елки, но и упорни во се што ќе им падне на памет.
Некои сопственици мислеле дека ако ја закачат елката на таванот, таа ќе биде недостапна за мачките и нема да ја уништат, но се излажале.
Двете мачки сфатиле дека на таванот има дрво и се обидувале да најдат начин да дојдат до него.
Не им требаше долго. Една мачка се качи на каучот, а потоа скокна на дрво и го заниша.
„Оваа година решивме да ја ставиме елката на таванот за мачките да не ја уништат. Не успеа“, се вели во видеото.
Ако мислевте дека ова е решението како да чувате украсена елка за време на празниците, се лажете.