Влора Речица, една од авторките на истражувањето на Институтот за демократија со наслов „Човек од народот“, гостуваше во „Клик Плус“ на ТВ21. Таа кажа дека имало испитување во кое 46% од испитаниците одговориле дека веруваат дека вирусот се прска од авион.
Формулацијата на прашањето е колку веруваат дека не прскаат со вируси од авион. И 46% целосно или делумно се согласуваат дека не прскаат со вируси од авион, рече Речица.
Што се однесува до короната, 60 отсто од испитаниците сметаат дека е направена во лабораторија и со тоа сакаат да ги контролираат луѓето.