25 годишна велешанка шест месеци живее во страв и агонија од нејзиното бившо момче кое во август лани ја претепал и силувал. Зa ТВ 24 собра храброст и сила да раскаже дел од траумите. Младата велешенка е разочарана што  велешкото Обвинителство се уште не покренало обвинение против насилникот, а тој слободно се шета низ градот и ја провоцира. Порачува – жртвите на насилство да не молчат пред проблемите.