Над Тулската област, која се граничи со Московската област на север од земјата, руската воздушна одбрана уништи 12 украински дронови, а остатоците од еден од соборените дронови предизвикаа пожар во индустриски објект.

Гувернерот Дмитриј Милјаев објави утрово на апликацијата за пораки Телеграм, без да даде детали за индустрискиот објект.

Одделно, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека руските единици за воздушна одбрана уништиле дрон што летал кон руската престолнина.

Текстот (Видео) 12 дронови соборени длабоко во Русија, остатоци од еден предизвикаа пожар во објект е превземен од МАКФАКС.