Поминаа точно 10 години од најголемиот успех на македонската кошарка. Четврто место на Европското првенство, кое се одржа во Литванија во 2011 година. Во битката за пласман во полуфиналето, Владо Илиевски, на 11 секунди до крајот од мечот против домаќинот Литванија постигна тројка за победа од 67:65.  Македонија се пласираеше во полуфиналето, таму загуби од Шпанија, а потоа и во битката за бронза тесен пораз од Русија. Како и да е четвртото место беше најголемиот успех, а потоа пречек на Плоштад. Токму тогаш, по овој меч Владо Илиевски го озговори легендарното „Леле, леле што направивме“.