Барселона забележа убедлива победа на гостувањето кај Наполи со 4-2, за пласман во четвртфиналето на Лига Европа.
Алба го отвори резултатот погодувајќи по само осум минути по брз контра напад, на асистенција на Адама Траоре. Само пет минути подоцна Френки де Јонг постигна еврогол од далечина за гостите (13′). Наполи возврати преку Лоренцо Инсиње кој погоди од белата точка, пенал кој го доби Осимхен кој беше фаулиран од Тер Штеген (23 ′). Но, Барселона не погреши и го врати двојното водство на крајот од првото полувреме преку Жерар Пике (45 ′). Победата на Барселона ја запечати Пјер-Емерик Обамејанг со прекрасен гол по асистенција на Траоре (59 ′). Сè што направи Наполи беше вториот гол, а воедно последниот го постигна Политано (87′).
Екипата на Ренџерс успеа да се пласира во четвртфиналето елиминирајќи ја Борусија Дортмунд. Откако во првиот меч триумфираше како гостин со резултат 2:4, шкотскиот гигант ремизираше на домашен терен (2:2), за да се пласира понатаму. Таверние гo доведе Rенџерс во водство во 22 минута со гол од белата точка. Талентираниот играч за врска, Белингем постигна прекрасен гол од непосредна близина за да ги врати надежите на гостите 1-1 (31′). Само 11 минути подоцна Мален прими прекрасна топка од Белингем и за првпат го доведе Дортмунд во водство 1-2 (42 ′). Ренџерс се погрижи во текот на вториот дел да нема изненадувања, погодувајќи повторно преку Таверние (57′).
Во пресметката меѓу Зенит и Бетис немаше голови и шпанскиот тим оди понатаму благодарение на победата од 3-2 во првата средба.