Јавните просидби не се секогаш добро решение, а токму тоа го доживеа еден маж на концерт на бендот „Bootleg Rascal“ во Бризбејн. Моментот кога излезе од публиката, се појави на сцената и ѝ предложи брак на својата долгогодишна девојка, а некој снимал, брзо стана вирален.
„Јас и мојата девојка бевме тука пред две, три години. Ова е нашиот омилен бенд и помислив зошто да не ја искористам можноста денес, можеби денес е денот“, започна тој.
Додека се подготвуваше да клекне и да ѝ предложи брак, девојката го запре, а потоа само се симна од сцената, а тој остана збунет, како и публиката.
Не беше сосема јасно дали сето тоа било „наместено“, или поточно маркетиншки трик, бидејќи бендот веднаш ја објавил својата песна „за раскинувања“, но реакциите на социјалните мрежи секако биле поделени.
„Беше болно да се гледа“, „Ова е навистина ужасно“, „Јавен предлог без договор, ужасно“, „Ова беше единствениот точен одговор“, „И јас би го направил истото“, беа само дел од коментарите.
Текстот (Видео) Јавно запросување на концерт во Австралија не заврши баш како што се очекуваше, но барем стана вирално е превземен од МАКФАКС.























