Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, од денеска до 3 ноември ќе престојува во работна посета на Република Грција.

Во рамки на посетата Грковска ќе оствари средби со министерот за дигитална политика Димитрис Папастергиу, министерот за правда Јоргос Флоридис и заменик директорката на грчката Национална агенција за транспарентност, Александра Рокгаку.

Работната посета на Атина вклучува и средба со потпретседателот на Националната школа за јавна администрација и локална самоуправа, Јоргос Флоридис.