Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи не чувствува морална одговорност за магичното исчезнување на имињата на екс функционерите на Груевски, Кирил Миновски и Владимир Пешевски од листата на советници во телото „За татковината со љубов“. Смета дека секој може да учествува во креирање на јавните политики.
„Дали чувствувам морална одговорност одговорот ќе биде толку колку што чуствуваат морална одговорност одредени медиуми за тоа дека има колебање дака јас сум заразен до Ковид и дека намерно избегнувам да се појавам во јавноста. Искрено сметам дека една од доблестите на луѓето да разговараат со сите ако сакаме да градиме едно демократско опшество.“
За Битиќи не е спорно што Пешевски му давал совети за креирање на јавни политики, а се води судски случај во кој е обвинет дека му наштетил на државниот буџет. Битиќи ја почитува презумцијата на невиност, односно се додека не е прогласен за виновен, било кој чинител во опшеството може да дава совети.
„Не гледам ништо лошо во тоа да биде прашан било кој и тој да даде мислење особено што ниту едно тие работи кои беа разговарани на тој состанок сеуште не се преточени во било какви јавни политики. И како такво ако тоа е најголемиот грев кои го имам направено секако барам извунување, но не сметам дека зборењето и комуникација со неистомисленици е голем грев.“
Но, пред пет години од СДСМ, партијата во која што членува Фатмир Битиќи, редовно јавно го дескридитираа тогашниот вицепремиер за економија Владимир Пешевски.
„Владимир „дилориентед“ Пешевски е најслепиот извршител на сите коруптивни зделки по нарачка на Груевски. Тој извршува и повеќе од предвиденото. 102,5% секоја луда замисла на Груевски е реализирана директно од ,,дилоринтед“ талентираниот Пешевски.“
Владимир Пешевски е обвинет во случајот „Тракеторија“ за изгрдбатан на кинеските автопатишта. Освен него, обвинети се и Миле Јанакиески, Љупчо Георгиевски како и Никола Груевски. Обвинети се дека нанеле штета на буџетот од 155 милиони евра. Исто така, поради лошиот проект за автопатот Кичево – Струга, граѓаните ќе платат дополнителни 200 милиони евра.
Andrea Cobanova