Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска ќе учествува на отворањето на Третот издание на културно-научната манифестација „Денови на азбуката“.

Манифестацијата се организира во соработка меѓу Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА) и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Настанот ќе се одржи во салата „Вудро Вилсон“ во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците со почеток во 12 часот.