Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби го советуваат предводник на навивачката група „Шверцери“, Омер Буњаку и поп-пејачот Шпат Касапи.

Омер Буџаку е познат и по тоа што учествувал во фамозните тепачки на Кале и по кршењето на опрема на ди-џеј кој пуштал македонска музика во Старата скопска чаршија, а Шпат Касапи е син на на Ѓилимсер Касапи, политичарка на СДСМ и пратеник во македонското Собрание.

„Призма“ ги објави имињата на советниците во кабинетитет на четворицата вицепремиери од Владата, меѓу кои покрај Груби, се уште и Никола Димитров за евроинтеграции, Љупчо Николовски за борба против корупција и Фатмир Битиќи за економски прашања.

По завршувањето на огласот, Николовски за советници ги избрал Иван Тодоровски и Александра Ковачева, за советници во кабинетот на Битиќи избрани биле Александар Талимџиоски и Ана Трпеска. Во Кабинетот на Никола Димитров, пак, работат Кристина Димовска и Елена Пресилска.