Се враќа мрежен администратор дома по два дена и жена му го чека на врата:
– Ајде сега да ми објасниш каде беше и што правеше!
Човеков сиот расеан вели:
– Види драга, вчера требаше да се одржи состанок на работа и чекавме додека дојде делегација од странство. Откако заврши состанокот, доцна вечерта почна да врне силен дожд. Една колешка што работи како секретарка требаше да си оди дома и јас ја префрлив со кола. Пред нејзината зграда, штом тргнав дома предната десна гума ми пукна. Земав да ја поправам ама многу врнеше и секретарката ме покани да влезам кај нејзе да се напијам чај со рум додека не преврне. Штом преврна си реков да тргнам накај дома ама видов долу полиција и што да правам… Пиев алкохол и ќе ме казнат веднаш, си реков. Колешката ми понуди да преспијам кај нејзе, па затоа се враќам денес.
На сето тоа жената му одговара:
– Е да бе, ти мене ќе ме лажеш. Цела ноќ си ја преседел у канцеларија на интернет идиот еден!