Томе Китановски потпиша едногодишен договор со скопскиот ривал Шкупи.  Искусниот битолчанец во Шкупи доаѓа од редовите на Македонија ЃП каде ја помина претходната сезона.

„Дојдов во Шкупи благодарение на спортскиот директор Омер Буњаку со кого разговарав и ме убеди во планот и амбициите на клубот за следната сезона, а тоа е врвот на табелата во Првата лига. Се надевам дека ќе ги оствариме зацртаните цели на клубот, како и на навивачите. Се надевам дека ќе останеме во Европа што е можно подолго. На навивачите им ветувам максимална борба, а останатото ќе си дојде само по себе“, изјави Китановски на промоцијата во Чаир.

Во Македонија Китановски настапуваше и за Пелистер, а надвор од нашата земја беше дел и од Крајова, Вождовац, Младост Лучани, Истра, Славен Белупо, Сабали и Кукс.