Нашата позната актерка Весна Петрушевска, на социјалните мрежи го искажа својот револт, разочараност и згрозеност од одлуката на велешкиот суд за случајот на Мартина Дејаноскa.
Најтешката приказна на Мартина Дејаноскa: Една година затвор?! Не, борбата продолжува!
Весна револтирана од донесената пресуда и долгиот процес се огласи на својот инстаграм- профил:
– Една година затвор? 23 месеци траел процесот? Па што ви требаше толку долго и на крај да сте срам со пресудава.
Ова девојче колку нам да ни се чини храбро со својата изјава, пред неа е тешка борба на совладувања, премрежја, ментални состојби за кои многу малку се зборува. Мартина е херој, но ние како општество и правосуден систем сме ја разочарале.
Не ни можете да замислите што и се случувало кога гледала дека предаторот оди на работа во образовна институција.
Жртвата никогаш не е виновна и аман разберете дека е нула толеранција за најмал допир кон малолетно дете од страна на возрасен! Срам да ви Велес! Срам за судијата во Велес! – стои во објавата на Петрушевска.