Актерката Весна Чипчиќ неодамна прележа коронавирус, па полека се враќа на работните обврски колку што тоа ѝ го дозволуваат епидемиолошките мерки.
Актерката сега отворено прозборе за театарската публика, но и дека актуелната мода не ѝ се допаѓа воопшто. Таа смета дека многу луѓе не го почитуваат дрес-кодот примерен за таква институција, и би сакала публиката да доаѓа намирисана, исчешлана и избањата.
– Искрена да бидам, малку ми пречи тој претерано опуштен стил, кој денес се форсира. Би сакала публиката повторно да доаѓа во театар избањата, убаво намирисана и облечена. Дека ми пречи тоа неисчешлано и небањато, во куси панталони, така да се појави во театар, ми пречи – остро изјави актерката.
Весна уште еднаш се осврна и на личната борба со коронавирусот. Односно поради зголемените Д-димери, таа морала сама да се боцка со инјекции.
– Најважно е дека своето искуство јавно го кажав и на сите им објаснив дека вирусот ни малку не е наивен. Поминав низ тоа што поминуваат многумина и тоа не треба да се крие. Научив некои нови работи за себе, сега сум благодарна што преживеав. Ми беше полесно бидејќи син ми и ќерка ми беа заразени во исто време. Се грижевме едни за други и си дававме духовна поддршка.