Јавните обвинители од тимот кој ја води предистражната постапка за пожарот во дискотеката во Кочани континуирано преземаат повеќе истражни дејствија за обезбедување докази, информираат денеска од обвинителството.

„Такви дејствија, кои вклучуваат распити, анализи и вештачења од голем обем и во однос на повеќе различни институции се во тек и денеска. Меѓутоа, за да се зачува тајност на постапката и да се спречи компромитирање на доказите обвинителството не е во можност во моментов да открива повеќе детали за активностите“, велат од Обвинителството.