Наспроти владините мерки за превенција и заштита од коронавирусот денес голем број граѓани беа присутни во Соборниот храм и се причестуваа од иста лажичка. Она што може да се забележи е дека не се одржува потребната дистанца, а дел од верниците се без маски.
На прашање од новинарите за причестувањето со иста лажичка Отец Сашо вели:
- Господ не пренесува болести, господ лекува. Со причесната ние 2000 и нешто години сме се лекувале, на крај краева јас ја употребувам, значи ако треба некој според теоријата да се зарази, јас ќе бидам првиот.
Г.Г. Стефан во ниту еден момент не ги повика верниците да не се причестуваат од една лажичка. Тој порача да се сакаат едни со други, а оваа година да биде победа над злото и непријателството, време кога ќе заврши страдањето од подмолната болест.