Украина денеска успеа да евакуира повеќе од 4.000 луѓе од градовите од првите борбени линии, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук.
Таа во видео изјава рече дека повеќе од 4.000 луѓе се евакуирани преку седум хуманитарни коридори.
Верешчук додаде дека три хуманитарни коридори не функционирале, обвинувајќи ги руските сили дека отвориле оган врз цивилите кои се евакуираа од регионот на Киев.