Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека смета оти Русија и Украина треба да тргуваат и да се вклучат во културни размени наместо да војуваат. Во разговор за „Бреитбарт њуз“, Венс рече дека администрацијата на Доналд Трамп ја користи економската моќ за да поттикне завршување на конфликтите ширум светот.

Тој наведе дека Трамп работи на повеќе мировни договори и дека, според него, заслужува Нобелова награда за мир. Венс го опиша Трамп како тврд, но ненасилен и истакна дека неговиот пристап кон рускиот и украинскиот конфликт се темели на идејата за соработка наместо насилство.

Коментарите уследија по извештаите на американски медиуми за нов мировен план што наводно го одобрил претседателот Трамп.

Текстот Венс: Русите и Украинците да патуваат и да соработуваат, не да се убиваат е превземен од МАКФАКС.