Советникот Венко Крстевски денеска е избран за в.д градоначалник на Општина Кочани.

На 62. седница на Советот на Кочани кандидатура за в.д градоначалник поднесоа советникот Венко Крстевски, избран од група избирачи, додека од ВМРО-ДПМНЕ беше предложен координаторот на советничката група Гоце Марков.

На седницата оставка поднесе советничката од ВМРО-ДПМНЕ Кристина Атанасова Арсова.

„Ќе побарам прошка и извинување на сите граѓани кои дадоа глас за мене како дел од советничката листа, затоа што не успеав да реализирам многу работи бидејќи тие работи не беа приоритет за градоначалникот и раководството. Истите водени од своите суети, понесени од моќта на функциите, се грижеа само за своите интереси“, рече советничката.

Доададе дека во иднина ќе се посвети на нејзиното дете кое е повредено во пожарот во дискотеката „Пулс“ и на сите деца кои се повредени.

„Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете“, рече низ солзи Атанасова-Арсовска.

Текстот Венко Крстевски избран за в.д. градоначалник на Кочани е превземен од МАКФАКС.