„СДС и Венко Филипче заглавени во безидејност и очај, исплашени од историски најдлабокиот изборен пораз кој им претстои, изборната кампања, наместо натпревар на идеи, ја претворија во арена за напад. Филипче и СДС немаат што да им понудат на македонските граѓани, немаат никаква програма, идеи или проекти, ниту пак имаат со што да се пофалат за времето на нивно владеење, па уште од прв ден преминаа на црна кампања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Па така, немајќи што да најдат против актуелната владина гарнитура, СДС и Венко Филипче се фатиле за еден договор во Железници, но не кажуваат колкава е договорената сума.

И има за што не ја кажуваат, затоа што 45 илјади евра, колку што е договорот за кој зборуваат, Филипче за јахтата ги троши само за бензин за пет дена. А, ако пак, оди на поголема дестинација или побрзо плови по морските води, тие 45 илјади евра ќе ги потроши за бензин, за приближно три дена.

Филипче, кој е поранешен министер за здравство е дел од криминалната банда на СДС, кои целосно го уништија македонското здравството.

За време на најголемата криза во корона периодот, додека луѓе умираа секој ден, Филипче го злоупотреби здравствениот систем за да врши набавка на вакцини по три пати поскапи цени преку компанија за јужно овошје, наречена Стабри од Хонг Конг.

И додека народот чекаше донации од соседните држави, СДС и Филипче купуваа заштитна опрема по 10 пати повисока цена од реалната.

Истиот тој Филипче, сега случајно или не, се фали дека е голем пријател на Зоран Заев и еден од ретките којшто комуницира со Артан Груби, едниот невиден криминалец, а другиот плус и бегалец.

Филипче можеби не знае, но помагањето на Груби за бегство од правдата, претставува кривично дело.

ЈО барем нека провери како Филипче е во комуникација со бегалец од правдата, кога веќе не го истражуваат за начинот на којшто работеле во минатото СДС и Филипче.

А, народот со масовна излезност на изборите, уште во прв круг, да стави крај на оваа криминална банда на СДС и со гласање за број 9, да го направи вистинскиот избор, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.