Венера, планетата на убавината и љубовта, влегува во имагинативните и креативни Риби на 27 јануари и ќе остане таму до 20 февруари 2023 година. Нејзиниот премин во овој воден знак во наредните недели ќе донесе романса, креативност и сочувство во нашите љубовни и социјални животи .

Овој транзит е особено корисен за оние кои сакаат да започнат нова врска бидејќи ги поттикнува емотивно да се отворат и да покажат подготвеност да ризикуваат во љубовта. Се разбудува желбата за нежност и припадност, а врските започнати во овој период најчесто имаат судбоносен предзнак.

Венера во Риби ја нагласува романтичната енергија. Во овој период, врските и партнерствата заземаат подлабоко ниво на емоционална поврзаност. Ова е поволен период за паровите повторно да се поврзат и да ја откријат магијата. Сега е време да се ослободите од секаква огорченост и гнев и да се фокусирате на простувањето.

Но, Венера во Риби може да ја нагласи тенденцијата за бегство од реалноста. Важно е да го имате ова на ум и да не дозволите романтичните фантазии да ви го поматат расудувањето. Астролозите наведуваат дека овие три знаци ќе доживеат љубовна среќа во наредниот период.

Рак

Ќе сонувате за идеалниот партнер, романса и нови искуства. Ова е време на раѓање на нови љубовни приказни. Користете ја вашата креативност за време на овој транзит и започнете со плановите и проектите за кои се грижите. Многумина во наредните недели ќе го најдат клучот за својата среќа и ќе сфатат што најмногу ги исполнува.

Скорпија

Романтичните врски и љубовта се на прво место за вас. Многумина ќе го подобрат односот со саканите, додека слободните ги очекува возбудлив флерт. Препуштете се на активностите во кои уживате. Посветете се на занемарено хоби, најдете време да се опуштите и повеќе да уживате во убавите работи во животот. Сега е време да се разгалите малку.

Риба

Венера во Риби ве поттикнува да научите повеќе да се сакате и да се цените себеси. Можеби сте биле под стрес во последните недели поради насобраните обврски, па затоа е клучно сега да одвоите малку време за себе и да го правите она што ве прави среќни и опуштени. Ослободете ја вашата креативност и уживајте во малите нешта. Вашите романтични напори ќе бидат успешни, па исполнувањето на љубовните желби е пред вас.