реклама

Таа е заменик извршен директор, главен оперативен директор, потпретседател на Одборот на директори и проректорат за образование на Универзитетот „Американ колеџ Скопје“.

Се работи за проф. д-р Венера Крлиу, која зад себе има импесивна биографија која ја прави лидер во образованието во нашата земја.

реклама

Доказ за тоа се и генерации дипломирани студенти, нивните претприемачки способности и личниот влог во општеството.

Таа во интервју за „Портрет“ одговори кои се работните начела кои ги негуваат и развиваат како пресудни за успех и квалитет.

реклама

„Основата во нашата дејност како образовна институција, и во нашиот тим на вработени, е токму учењето. Постојаната желба за учење и стекнување нови знаења, вештини и способности е она што нѐ води напред. Се опкружувам себе си со луѓе што ги одликува љубопитност, ентузијазам, желба за откривање нови нешта, луѓе што сакаат да се развијат и самите себе, и средината во која живеат. За мене, тоа значи секојдневна инспирација и мотивација за постојано усовршување и надградување на постигнатото, како и поддршка и храброст за исчекори и промени“, вели Крлиу.

Таа додава дека меѓу вредностите на кои ги учат и студентите на Универзитет Американ Колеџ Скопје, и учениците од Американската Гимназија Скопје, суштинска е љубовта кон знаењето, кон откривањето, кон дознавањето нови нешта и нови начини на правење на работите.

реклама

„Притоа, ги охрабруваме да се откријат и самите себе си и да не ги прифаќаат нештата како непроменливи, туку напротив, да ги согледаат своите способности и вредности и во таа насока, да добијат перспектива самите за себе како носители на промените, како иноватори и двигатели на развојот во заедницата. Токму овие нешта беа издвоени кога ја имав честа да ја добијам наградата на Business Elite’s 40 Under 40, што за мене е од големо значење, бидејќи ги заокружува сите мои досегашни напори и е своевидна потврда дека се движиме во вистински правец. Тоа што бев дел од една избрана група на иновативни и храбри млади луѓе ми е голем мотив и инспирација. Размената на идеи со нив и анализата на нивните искуства ми помогна да ги дообликувам и моите планови и амбиции, и овој избор ми е и поттик да продолжам уште поинтензивно и уште покреативно, бидејќи има уште толку многу нешта што сакам да ги направам“, вели Крлиу. 

Според неа, она кое што го почнале кога го основале УАКС била идејата на нашите млади генерации да им овозможат образование што ќе биде на ниво на современите европски и американски образовни пракси.

„Оттука, во нашата наставна програма се вклучени нови и релевантни учебници, книги и академски извори, а исто така се работи со реални и актуелни студии на случаи, се следат и се анализираат трендовите и теориите уште додека се во зачеток, и се поврзува академското знаење со контекстот на светот околу нас и промените што влијаат на сѐ. Притоа, студиите се тесно поврзани и со конкретната примена на знаењата во деловниот свет и личното искуство на студентите во вистинска работна средина, и инсистираме на редовни пракси за секој студент. Во текот на сите овие години постоење, УАКС има развиено мрежа на соработници и го формираше својот Деловен Совет, каде што нашите студенти може во секое време да видат како е да се биде дел од реалниот свет на бизнисот и да дознаат од прва рака на што треба да се насочат за да станат конкурентни на пазарот на трудот. Во Советот членуваат над 200 компании, организации, студија од различни деловни области, кои ги препознаваат квалитетите на нашите студенти и своите идни вработени ги бараат токму меѓу нив. Исто така, многу внимаваме и на тоа студентите да изградат силно чувство на припадност кон заедницата и да работат на начини како да ја подобрат. Па така, уште додека студираат тие почнуваат да размислуваат практично и корисно – развиваат апликации за нивни секојдневни потреби, отвораат стартапи, работат на хуманитарни проекти и се вклучуваат во иницијативи за социјално претприемништво. Нѐ изненадуваат нивните идеи и планови, и задоволство ни е да им помогнеме на каков било начин – преку совет, поддршка, вмрежување, и сл“, вели Крлиу.

Целото интервју со проф. д-р Венер можете да го прочитате ТУКА!

реклама