Британскиот премиер Борис Џонсон му рекол на украинскиот претседател Владимир Зеленски дека ќе обезбеди поголема воена поддршка за Украина во наредните денови.
„Премиерот го информираше претседателот Зеленски за воената поддршка на Обединетото Кралство што и се испраќа на Украина и се обврза да ја испрати во наредните часови и денови“, соопшти портпаролот на британскиот премиер.
Џонсон, исто така, ја изразил потребата за меѓународен одговор на новонастанатата хуманитарна криза, вклучително и поддршка за соседите на Украина во справувањето со голем број Украинци кои бегаат од семејно насилство, се вели во соопштението.
Британскиот премиер ја истакнал потребата да се продолжи со притисокот врз Русија со трговски ограничувања и санкции, вклучително и исклучувањето од SWIFT.