Разгледуваме дополнителни опции за тоа како да се спречат меѓународните патувања, изјави денеска британскиот државен секретар Мајкл Гоув.
Британската Влада соопшти дека наскоро ќе бидат објавени планови за нови ограничувања на границите, што ќе бидат воведени со цел да се спречи понатамошно ширење на коронавирусот.
– Ќе ја информираме јавноста многу брзо за нови предлози за тоа како да се осигури безбедноста на нашите граници. Ние сакаме да им испратиме јасна порака на нашите сограѓани дека не треба да патуваат, нагласи Гоув.