Судот во Велес на денешното рочиште ја ослободи од обвинение 23-годишната велешанка Павлинка Илоска.
Како што наведе судијката, трошоците за постапката паѓаат на товар на државата, а мерката куќен притвор се укинува.
Во пресудата е наведено дека Илоска била доведена во животозагрижувачка состојба бидејќи во моментот на одбрана била давена и малтретирана од страна на нејзиниот невенчан сопруг. Тој подлегнал на повредите од убодот во нож во градскиот кош, а тоа следело по низата напади кон младата Павлинка Илоска.