Денеска во Основниот суд Велес започна судењето на Павлинка Илоска која се товари за кривично дело „убиство во миг”.
Таа пред судијката која ја води постапката кажа дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана, пренесува Локално.
Хелсиншкиот комитет реагираше на обвинението и смета дека Илоска треба да се товари за кривично дело направено во самоодбрана, а не за убиство на миг кое пропишува затворска казна од една до пет години.
Овој случај ја потресе јавноста откако се обзнани дека таа била малтретирана од својот поранешен невенчан партнер и на кој во миг на самоодбрана таа му нанела фатална рана со нож.
Целиот напис прочитајте го овде.