МВР соопшти дека велешанка на 31 години е пронајдена мртва утрово во Неготино.

Во Полициската станица Неготино од Итната медицинска помош утрово во 2:27 часот е пријавено дека на интервенција на улицата Дојранска во Неготино е затекната почината Л.Д.(31) од Велес. Јавен обвинител и екипа од ОВР Неготино извршиле увид на лице место.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено за обдукција на Институтот за судска медицина.