Вечерва на аеродромот во Скопје ќе пристигне првата група бегалци од Авганистан.
Од Владата соопштија дека во тек е акредитација на новинарски екипи кои сакаат да го проследат настанот.
Засега не се наведува за колку лица станува збор. Според последните информации до Македонија се пристигнати околу 800 барања за овозможување на привремен престој за граѓани од таа земја.