По речиси 24 часа нов земјотрес и повторно во Мавровскиот регион. Вечерва, според првичните информации јачината била 3,8 степени според Рихтер. Најмногу се почувствувал во Гостивар, Тетови и Кичево. И синоќа речиси во исто време имаше земјотрес во истиот регион. Првиот 3,3 степени, а вториот 3,1 степен според Рихтер.
Во петокот во реонот на Маврово-Ростуше беше регистриран посилен земјотрес од 4,6 степени според Рихтер, кој беше силно почувствуван во Гостивар, Тетово, Кичево, но и во Скопје.