Вечерва ни доаѓа новата месечина во знакот на Вага, а овој пат ќе биде уште помоќна бидејќи Месечината, Сонцето, Марс и Меркур се во знакот на Вага, што практично значи дека нашиот љубовен живот ќе процвета.
Ако имате какви било желби што би сакале да ги исполните, астрологот Ејми има совети за вас. Ова е идеален период кога младата месечина може да ви помогне во тоа.
Потребни ви се само хартија и пенкало. Запишете на хартија се што сакате да постигнете во следните шест месеци, но трикот е да формулирате се така што звучи како да веќе се случило и дека сте многу благодарни за тоа. На пример: „Многу сум среќна и горда на себе затоа што ослабев и имам 53 килограми“, или „благодарна сум што вистинскиот човек влезе во мојот живот“, или „горда сум на деловните резултати“.
Исто така, важно е да се стави камен, кристал или школка над хартијата, со цел да се зајакне ефектот на добра енергија. Астролозите советуваат додека ги пишувате сите ваши желби, да слушате музика што ве задоволува и што ги зголемува вашите позитивни вибрации.
Кога денот ќе се раздени и сонцето ќе дојде во контакт со хартијата, можете да направите две работи: можете да ја запалите хартијата или само да ја фрлите во ѓубре.