Триесетина македонски државјани, кои беа сместени во воената база на САД во Доха, Катар, веќе се наоѓаат во Истанбул, Турција, од каде се очекува да се упатат кон Скопје, информираат од Министерството за надворешни работи.
Авионот со којшто е предвидено да пристигнат, се очекува да слета во 19:50 часот, по локално време на Меѓународниот аеродром Скопје.
На координативниот состанок што се одржа попладнево во Владата од Министерството за надворешни работи информираа дека сите македонски граѓани се безбедно евакуирани од Авганистан и оти се очекува многу скоро да пристигнат дома во Македонија.