Веќе е општо познато дека временските промени, особено наглите, со кои се соочуваме последниве денови, предизвикуваат здравствени проблеми.
Ненадејната промена на температурата и нивото на влажност во воздухот се причина за мигрените, болките во зглобовите и промените во притисокот кои деновиве измачуваат повеќето од нас.
Болката во зглобовите е на врвот на листата
Болки во зглобовите – поради промените што се случуваат во атмосферата, нивото на течност што ги опкружува зглобовите се менува и предизвикува болка во коските.
Мигрена – поради ветрот и наглите промени на температурата, крвните садови во центарот на мозокот, кои се одговорни за надзор на телесните функции, отекуваат и се стеснуваат, а тоа доведува до сериозни главоболки кои можат да траат и повеќе денови.
Осцилации на притисок – Ненадејната промена на температурата на воздухот доведува до проширување на крвните садови и намалена концентрација на кислород. Осцилациите на притисокот се особено опасни за луѓето кои веќе имале мозочен удар или срцев удар. Наглиот пораст на високиот крвен притисок го зголемува ризикот од повторен инфаркт, додека скок на нискиот крвен притисок може да предизвика мозочен удар. Луѓето кои имаат хипертензија исто така треба да бидат особено претпазливи.