На Антарктикот се потврдени 36 случаи на КОВИД 19, така што нема континент каде што вирусот повеќе не е присутен, објавија денес австралиските медиуми.

Австралискиот канал ABC објави дека 36 Чилеанци во воената база на Антарктикот имале позитивен тест на вирусот корона, што значи дека за овој континент повеќе не важи тврдењето дека е единствен без вирусот, пренесува британски Гардијан.

Базата се наоѓа во близина на најсеверниот врв во западниот дел на Антарктикот, далеку од австралиските бази во источен Антарктик, а австралиската дивизија се обидува да ги потврди овие извештаи со чилеанските власти, наведува британскиот весник.