Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски прави нова партија. За волја на вистината тој вели дека тоа ќе биде граѓанско движење, нешто слично како што учествуваа на локалните избори и победија во Куманово. Сега, тоа ќе биде на целата територија на држава и ќе учествуваат на парламентарните избори.

– Ќе има место за сите што сакаат да дадат свој придонес во нивната реализација, но првенствено луѓе од теорија и пракса, без претходни опашки во политичкото и во општественото дејствување. Еден од нашите приоритети ќе биде бескомпромисна борба со корупцијата, повисок економски раст и алтернативи за енергетска независност на државата – вели Димитриевски за „Фокус“.

Тој посочува дека целиот концепт ќе биде по примерот на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“. Како што објаснува, првично ќе ја мултиплицираат по другите градови низ државата, а подоцна тие ќе бидат иницијатори за формирање на движењето.

Повеќе на „Фокус“.