Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот кривичен суд беше неправосилно осуден на 6 години и 6 месеци затвор, ексминистрите Миле Јанакиески и Спире Ристовски на 6 години и три месеци затвор, а поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски на 6 години затвор за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, околу организација на нападот на Собранието на 27 април 2017 година.
Според обвинението, кое го прочита Вилма Рускоска тие се виновни бидејќи, по неуспешните преговори за формирање на Влада во 2017-та година, подготвиле и реализирале план, кој содржел акти на насилство и намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, преку протести да оневозможат промена на власта.
Како што објави Рускоска обвинетите за таа цел ја организирале целата партиска структура и материјални сретства, а потоа и овозможиле континуирано намалување на полициски служби и обезбедување околу и во зградата на Собранието, за да можат оние кои протестираа да влезат внатре.