По наредба на потпретседателката на бугарската Влада и Министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, ВД раководителот на амбасадата на РС Македонија, во Софија ќе биде повикан во Министерството за надворешни работи на Бугарија, за да објасни дали Владата на РС Македонија е поврзана со црната кампања водена против Бугарија од словенечкиот институт ИФИМЕС.
МНР на Бугарија изразува силно вознемирување поради материјалите на сегашни и поранешни советници на премиерот Зоран Заев кои се дел од раководството на спомнатиот институт . На сајтот на Владата на РС Македонија е посочено дека Институтот има договор со власта во Скопје од 2017 година до 2020 година, според којшто добивала 1000 евра месечно од македонска страна.
Потсетуваме дека Институтот ИФЕМЕС објави голем број на материјали со цел да ја дескридитира нашата држава преку невистинита, изопачена и манипулативна информација.
Во меѓувреме сме вознемирени од дискриминаторските активности на властите во РС Mакедонија- денес на границата е сопрен бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, кој се обидел да внесе бугарски книги во РС Македонија според договор за донација со бугарскиот КИЦ во Скопје.