На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 4.840 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 452.424 дози вакцини, а ревакцинирани се 193.029 граѓани.
Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 36 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 450.634 граѓани.
Денеска пристигнаа 20 илјади дози од „Астра Зенека“, донација од Грција, а вчера околу 12 илјади вакцини „Фајзер“. Претходно пристина и донацијата од Турција, 30 илјади дози „Синовак“. Уште не се пристигнати 500 илјади дози од кинеската „Синовак“ кој ги најави министерот за здраввство Венко Филипче.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.